Монако ги „изработил“ Флорентино Перез и Реал Мадрид при трансферот на Чуамени

фото: EPA-EFE/Emilio Naranjo

Орелиен Чуамени е промовиран во нов фудбалер на Реал Мадрид, но неговиот поранешен тим Монако успеал да го изигра „кралскиот“ клуб при трансферот.

Чуамени беше на мета на неколку европски гиганти, но трката за францускиот репрезентативец ја доби Реал Мадрид кој понуди највеќе, 80 милиони евра плус дополнителни 20 милиони евра во бонуси.

Но, денеска француските медиуми објавија дека спортскиот директор на Монако, Пол Мичел имал клучна улога во овој трансфер и успеал да го изигра Реал Мадрид и да му излече многу повеќе пари од очекуваното. Трансферот на младиот француски репрезентативец првично беше проценет на 60 милиони евра, со вклучувањето на Реал Мадрид во трката, цената веднаш скокна.

Според француските медиуми, Мичел успеал во целата приказна да го вклучи ПСЖ и преку медиумите објави информација дека „светците“ го сакаат Чуамени како и дека нуделе повеќе пари од Реал Мадрид.

Во тоа, немало вистина и ПСЖ никогаш не испратил понуда за Чоамени, но Перез поверувал во зборовите на директорот на Монако и затоа значително ја зголемил понудата која францускиот тим ја прифати.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот