МОН и Комисијата за заразни болести без одлука за наставен модел, како ќе изгледа новата учебна година во другите земји?

И додека се уште нема јасен модел по кој ќе продолжи да се одвива образовниот процес од први септември, некои од земјите во светот, но и од регионот, веќе донесоа одлука за тоа дали учениците ќе се вратат во училишните клупи или ќе продолжат со онлајн часови.

Уште од почетокот на оваа недела започнаа преговорите помеѓу членови на Комисијата за заразни болести и претставници на МОН за тоа кој наставен модел би требало да се примени за стартот на новата учебна година, меѓутоа финална одлука и натаму нема.

По неколкудневни консултации Комисијата за заразни болести предложи учениците до трето одделение да посетуваат настава со физичко присуство, додека за останатите да се применува настава на далечина, со тоа што во помалите општини каде има помал број на ученици и во погорните одделенија исто така би се имплементирала настава со физичко присуство.

Од друга страна, како што соопшти и министерот за образование и наука, Арбер Адеми, претставниците на МОН ставија на маса три сценарија, односно настава со физичко присуство, е-учење, како и хибриден модел, поточно комбинација од првите две опции.

И додека се уште нема јасен модел по кој ќе продолжи да се одвива образовниот процес од први септември, некои од земјите во светот, но и од регионот, веќе донесоа одлука за тоа дали учениците ќе се вратат во училишните клупи или ќе продолжат со онлајн часови.

Прочитајте и...  Орбан бара оставка од потпретседателката на ЕК, ја навредувала Унгарија

Србија ќе примени комбинација од неколку модели, во Хрватска учебната година започнува на 7 септември 

Во Србија од 1 септември, најмладите од основно училиште ќе имаат настава со физичко присуство, додека за оние од петто одделение, часовите ќе бидат комбинација од доаѓање на училиште и следење на часовите преку јавниот сервис, соопштено е вчера во Белград по средбата меѓу претставниците на владиниот кризен штаб за справување со коронавирусот и Министерството за образование.

Тамошното министерство планира да понуди неколку модели на училиштата, па во зависност од нив, според можности кога станува збор за просториите и наставниот кадар, самите да одлучат кој модел ќе го применуваат.

Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

– Во некои институции, речиси е сигурно дека ќе мора да се организира комбиниран модел на настава, врз кој ќе влијае бројот на ученици и просторот, затоа што за сите мора да бидат обезбедени здравствени услови – изјави српскиот министер за образование Младен Шарчевиќ.

Новата училишна година во Хрватска дефинитивно ќе започне на 7 септември и наставата ќе се одвива нормално, а тоа значи – во училишните клупи, пишуваат хрватските медиуми.

Поголемиот дел од учениците ќе бидат во своите училници, а за исклучителните ситуации ќе се обезбеди онлајн настава, на пример во случај некој од учениците да е заразен или да има потреба од самоизолација.

Прочитајте и...  Уште едно 3-годишно детенце си замина дома, ја победи болеста (ВИДЕО)

Старт на учебна година со маски во дел од Германија, во Унгарија наставата ќе се одвива по традиционалниот метод

Училиштата во северниот дел на Германија повторно отвораат иако коронавирусот не покажува знаци на попуштање. Во покраината Северна Рајна Вестфалија маските се задолжителни, а така е и во останатите училишта кои учениците веќе ги посетуваат.

Во останатиот дел од земјата училиштата и натаму се затворени.

Новата учебна година во Унгарија се очекува да започне на традиционалниот начин, а училиштата ќе се отворат на 1 септември. Според унгарските власти, епидемијата на коронавирус не е оправдување за дигиталното образование да ги замени училниците.

Фото: DEBBIE HILL / UPI / Profimedia

САД: Дел од учениците се враќаат во училниците, дел ќе ја следат наставата онлајн

Со почетокот на учебната година, децата би требало физички да се вратат на училиште во неколку американски држави, дури и таму каде што коронавирусот се уште е активно присутен.

Во САД, училиштата обично започнуваат со работа уште во текот на август, а се појавија поделби и во однос на тоа прашање бидејќи епидемијата се уште беснее во земјата.

Прочитајте и...  Геогриевски: Набавуваме таблет за учениците и компјутери на наставниците за успешен почеток на онлајн наставата 

Иако Трамп најави дека враќањето на учениците во училниците е „морална обврска“, сепак секоја област посебно ќе одлучува кој модел на учење ќе биде применет.

Поголемите градови, вклучувајќи ги Чикаго, Хјустон, Лос Анџелес и Мајами, се одлучија за виртуелна настава.

Кенија ќе ја повтори учебната 2020 година

Властите во Кенија ја донесоа веројатно и најдрастичната мерка во време на пандемијата со коронавирусот, а која се однесува за продолжување на образовниот процес во земјата.

Фото: Профимедиа

Министерството за образование во оваа земја одлучи училишната 2020 година да се повтори со физичко присуство на учениците.

Како причина за оваа одлука светските медиуми го наведуваат и фактот дека повеќето ученици во Кенија ја немаат неопходната технологија за следење на настава од далечина, па токму поради тоа минатата учебна година треба повторно да ја следат по традиционалниот метод.

ИСКУСТВА ОД ОТВОРАЊЕТО НА УЧИЛИШТАТА ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ: Дел од нив ставија клуч по само неколку дена

Прочитај повеќе

Следете ја во живо доцна ноќва првата претседателска дебата меѓу Трамп и Бајден

Слободен печат

Песков: Русија е подготвена со ЕУ да го разјасни „случајот Навални”

Маријана Митровска

Макрон жестоко се бори парламентот да не заседава само во Брисел

Слободен печат

Хрватска регистрираше 135 новозаразени со ковид-19

Слободен печат

Бес во Индија по смртта на тинејџерка која беше групно силувана

Нови санкции од Канада и Британија против Лукашенко

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Мицкоски слави роденден, соработниците го изненадија со торта (ФОТО)

Маријана Митровска

Србија 65 новозаболени од Ковид-19, еден починат

Слободен печат

Среде криза заминува медицински персонал- Главната сестра на Инфективна и две други си дадоа откази

Маријана Митровска

Рускиот историчар Дмитријев осуден на 13 години затвор поради сексуално злоставување на дете

Слободен печат

Нови рестрикции во Германија, на приватни собири до 25 лица

Маријана Митровска

Напаѓачот планирал да ги запали просториите на редакцијата „Шарли ебдо” во Париз, но ја згрешил адресата

Маријана Митровска