ИСКУСТВА ОД ОТВОРАЊЕТО НА УЧИЛИШТАТА ВО ДРУГИТЕ ЗЕМЈИ: Дел од нив ставија клуч по само неколку дена

Министерството за образование и наука (МОН) и Комисијата за заразни болести се уште бараат заеднички јазик за можните сценарија од септември, во игра се повеќе опции, а по одложувањето на денешниот состанок, кој треба да продолжи утре, од Министерството за здравство посочија дека крајниот збор сепак ќе го имаат од МОН.

„Комисијата за заразни болести ги подготви мерките за заштита и потребните протоколи што треба да се запазат за заштита на децата и наставниците во текот на наставниот процес. Сепак, финалната одлука за почеток на учебната година и начинот на одвивање на наставата е во надлежност на Министерството за образование и наука“, стои во соопштението на Министерствот оза здравство.

И додека се чека исходот од денешната средба помеѓу претставници на МОН и членови на Комисијата за заразни болести, родителите немаат сомнеж, па така, веќе над 2.000 лица потпишаа онлајн петиција за настава на далечина.

Дезинфекција на училниците во Соеул, Јужна Кореја / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

„Единствено со онлајн настава ќе се заштитат децата, наставниците, родителите и нивните блиски, вработените, ризичните групи и целата популација. Моделот што имавме можност да го видиме, а вклучува два часа дневен физички престој во училиште, под маски и физичка дистанца, сменска настава, скратена програма и зимски распуст од 180 денови, е модел кој нема да обезбеди здрава средина за развој, социјализација и едукација и не го поништува ризикот од заразување и изложување на ризик на целокупното население. Со предложениот модел за физичко присуство, дополнително се комлицираат обврските на родителите, а доколку во целиот тој процес бидат вклучени бабите и дедовците (што се чини неминовно), доколку родителите се на работа, се ризикува животот на најранливата категорија граѓани“, стои во барањето на родителите.

Во своето барање родителите како пример наведуваат и други поголеми земји кои се одлучија да ги отворат училиштата, но тоа не во некои од нив заврши добро.

Методот „Заштитен меур“ не успеа во Израел

Израел и Данска беа помеѓу првите земји кои се одлучија да ги отворат училиштата во екот на пандемијата, откако во земјата ситуацијата делуваше навидум стабилна. Најпрво Данска го искористи методот „Заштитен меур“ за учениците до 12 години,  на тој начин што тие беа поделени во мали микро групи  и беше побарано од нив да доаѓаат заедно во определено време во училиштето, да ручаат заедно како група и да користат за нив посебна зона во игралиштето.

Прочитајте и...  Министрите денеска ќе потпишат Кодекс за етичко однесување
Лунгбу, Данска / Фото: EPA-EFE/OLAFUR STEINAR GETSSON DENMARK OUT

Обврска на секој ученик е на секои два часа да ги измие рацете, но немаат обврска за носење маски. Клупите се одвоени на растојание од 2 метри и целокупниот материјал и опрема за предавањата се чисти два пати дневно. Кога е можно наставата се врши надвор на отворено, а родителите немаат пристап внатре во училиштето.

Овој метод се покажа како успешен во оваа земја, а по еден месец слични протоколи се донесоа и за учениците од 12 до 16 години.

Ученици во Израел со маски ја посетуваа наставата Јуни 2020 / Xinhua News / Profimedia

Израел, следејќи го примерот на Данска, исто така примени „Заштитен меур“, но резултатите не беа исти. Еден месец по функционирањето на овој начин училиштата во оваа земја беа повторно затворени откако се регистрирани вкупно 2.026 новозаразени ученици и наставници.

Учениците чекаат да влезат во училиштето / Израел / 17 мај 2020 / Фото: Xinhua News / Profimedia

За разлика од данскиот модел, после две седмици од отворањето на училиштата, во Израел се укина мерката за следење настава во мала група и токму овој потег придонесе за зголемувањето на бројот на новозаразени.

Наставничка во Израел ги учи учениците да се поздравуваат без да ги користат дланките/ Мај 2020 / Фото: DEBBIE HILL / UPI / Profimedia

Строгите мерки даваат резултат во Јужна Кореја

Продолжувањето на наставата во Јужна Кореја беше одложувано неколку пати, а откако училиштата конечно добија зелено светло за отворање, само по два дена, околу 100 од нив одново се затворија поради зголемениот број на новоинфицирани со Ковид-19.

Тестирање на ученици во училишен двор / Јуни 2020 / Соеул, Јужна Кореја / Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Сега училиштата во овие земји повторно функционираат, со тоа што учениците присуствуваат на настава секој втор ден во помали групи, а редовно им се мери и температура, се носат заштитни маски и строго се почитуваат сите препораки за заштита од коронавирусот.

Прочитајте и...  Помпео и Дендиас разговарале за важноста на Договорот од Преспа и негова имплентација
Дезинфекција на училниците во Соеул, Јужна Кореја / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/YONHAP SOUTH KOREA OUT

Во некои од училиштатата се користи и комбиниран модел кој вклучува и учење на далечина.

Проверка на температура на учиниците пред да влезат во училишниот објект / 11 јули 2020 / Фото: EPA-EFE/YONHAP — ATTENTION EDITORS: IMAGE PIXELATED AT SOURCE — SOUTH KOREA OUT

Две училишта во Германија затворени по неколкудневна настава, основните школи во Шведска останаа отворени и во екот на пандемијата

По неколку денови откако покраината Мекленбург- Предна Померанија стана првата во Германија која ги отвори училиштата по летните одмори, околу 800 ученици беа принудени да се вратат во своите домови откако еден наставник беше позитивен на тестот на за Ковид-19.

Мекелнбург, Западна Померанија / Германија / 1 август 2020 / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Заразениот наставник не држел настава од понеделникот, кога беше отворена гимназијата, но сите 55 наставници сега ќе мора да бидат тестирани на коронавирусот. Училиштето ќе остане затворено најмалку до среда, соопшти општината.

Мекелнбург, Западна Померанија / Германија / 1 август 2020 / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Уште 100 ученици од основно училиште во регионот на Росток се ставени во двонеделен карантин откако еден нивни соученик бил позитивен на вирусот.

Од друга страна, кога станува збор за основците, она што треба да се потенцира е дека во Шведска ниту едно основно училиште не беше затворено во екот на пандемијата, додека наставата во средните училишта и универзитетите продолжи онлајн.

Мекелнбург, Западна Померанија / Германија / 1 август 2020 / Фото: EPA-EFE/FELIPE TRUEBA

Вработените во отворените основни училишта беа обучени како да препознаат симптоми кај децата, да одржуваат хигиена и да ги учат децата на хигиена и правилно миење на рацете.

Чистењето на просториите беше зачестено, а обезбедени се и доволно средства за хигиената во сите школи постојано да е на највисоко можно ниво.

Средношколците ја прославуваат матурата / Стокхолм, Шведска / Јуни 2020 / Фото: EPA-EFE/Jessica Gow/TT *** SWEDEN OUT

Во овие училишта на сила стапи и препорака да не се организираат настани со над 50 луѓе.

Искуства од САД покажуваат дека со отворање на училиштата Ковид-19 се шири побрзо

Коронавирусот може да се шири во училишната околина и летни кампови полесно отколку што тоа се сметаше претходно, покажува искуство од отворање на училиштата во САД.

Во извештајот на американските центри за контрола и превенција на болести (ЦДЦ) за ширење на вирусот во летен камп во државата Џорџија, исто така, се сугерира дека – дури и асимптоматски случаи – би можеле да бидат значајни носители на Ковид-19 во пошироката заедница.

Прочитајте и...  Миланов тврди: Јанакиески не бил близок соработник на Груевски

Овие тврдења се спротивставуваат на претходните студии во кои постои консензус дека децата ретко го пренесуваат вирусот меѓу себе или други луѓе.

Сепак, оваа недела на дури 260 вработени во едно од најголемите училишта во Џорџија им беше забрането да доаѓаат на работа, бидејќи се позитивни за коронавирусот или поради тоа што имале контакт со заразено лице.

Во еден летен камп во Џорџија, на кој на крајот на јуни чествуваа повеќе од 600 млади луѓе, околу 200 тинејџери беа позитивни на вирусот, покажува официјалниот извештај, без оглед на тоа што се почитувале сите санитарни мерки.

Одлука треба да падне утре, омбудсманот повика да се опфатат и проблемите на учениците со попреченост

Токму овие примери со странските земји укажуваат дека треба добро да се разгледаат сите агли при носењето на вака комплексна одлука за продолжувањето на наставата во нашата земја, а веќе утре би требало да ни биде познат и наставниот модел кој ќе се имплементира од први септември.

Поради сето тоа, народниот правобранител вчера упати апел да се земат предвид и учениците со попреченост, односно при креирањето на наставниот модел, да се разгледаат и нивните проблеми.

„Народниот правобранител препорачува, при изборот и креирањето на модалитетот за изведување на настава, да се имаат предвид и овие категории на ученици, при што во изборот на начинот на реализација на истата да не се поаѓа само од типичниот ученик. Според Народниот правобранител, креаторите на образовните политики треба да ги идентификуваат и да се раководат од потребите на најмаргинализираните категории, вклучително и учениците со попреченост, при што да се обезбеди непречен пристап, квалитетно следење и успешно стекнување на знаења, без разлика дали учениците се вклучени во редовните или посебните училишта“, стои во документот на Омбудсманот.

Прочитај повеќе

За 10 минути ќе знаете дали имате ковид-19!

Битиќи: При вработувањето треба да доминираат професионалноста и квалитетот, а не етничката припадност

Слободен печат

Шопинг мол манија и во Македонија

Радев: Бугарија веќе е во криза, но најголема е владината криза

Слободен печат

Јанакиески доби условна казна за „Шамарите во Центар“, а Груевски година ипол затвор

Горан Наумовски

Вицепремиерот Димитров во работна посета на Германија

Слободен печат

Остави Коментар

Прочитај повеќе

Од утре стабилизација на времето, но со пониски утрински температури

Слободен печат

ВО ЖИВО: Oбраќање на Заев и Николовски

Слободен печат

Драма на грчки крузер: 12 членови од посадата заразени од коронавирус, 922 патници не смеат да мрднат од кабините

Марина Дамческа

ДЗР: Дел од исплатените додатоци во СЈО не се во согласност со законската регулатива

Слободен печат

Руски медиуми: Нарачки за над 1.2 милијарди дози од вакцината против коронавирус

Слободен печат

СЗО: Поради коронавирусот можна катастрофа во Африка

Слободен печат