Фото: РФМ

Момците им се придружија на девојките – финале и за ракометарите на училишното СП

По успехот на женската селекција, и машката кадетска репрезентација на Македонија обезбеди место во финалето на Светското училишно првенство во ракомет.

Во полуфиналниот дуел, македонските ракометари доминираа и убедливо ја совладаа селекцијата на Србија со 29-19. Иако противникот во првото полувреме успеваше да остане резултатски близу, па избраниците на Горан Кузманоски на паузата заминаа со предност од 14-10, во продолжението следуваше целосна контрола на теренот.

Во вториот дел Македонија го засили ритамот и не му остави простор на противникот за пресврт, рутински приведувајќи го мечот кон убедлива победа.

Во финалето, нашата селекција ќе се соочи со победникот од пресметката меѓу Израел и Хрватска, а натпреварот за златниот медал е закажан за утре од 16:00 часот во салата Јане Сандански.

Ракометарките ќе играат за злато на Светското училишно првенство

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот