Момчето на Ким Кардашијан ќе патува со Џеф Безос во вселената

Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон
Ким Кардашијан и Пит Дејвидсон / Фото: EPA-EFE

Комичарот Пит Дејвидсон можеби ќе патува во вселената, пишува „CNN“.

Имено, ѕвездата на „Saturday Night Live“ е во преговори со Џеф Безос за да му се придружи на еден од неговите претстојни вселенски летови на ракетната компанија „Блу Ориџин“.

Како што вели извор близок до комичарот, оваа идеја настанала во јануари годинава, кога Дејвидсон и неговата девојка Ким Кардашијан присуствувале на вечера која ја организирал Безос во неговиот дом.

Ако овој лет се изреализира, Пит Дејвидсон ќе биде уште еден во низата познати личности кои досега беа дел од комерцијалните летови на компанијата на Џеф Безос, „Блу ориџин“.

Основачот на Амазон се надева дека овие летови ќе помогнат да започне нова ера на вселенски туризам.

Канје Вест не планира да се разведе од Ким

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот