Кен - Фото: Инстаграм

ВИДЕО | Момчето на Барби, Кен, ќе го прослави јубилејниот 65-ти роденден: Конечно е откриено неговото вистинско име

Исконската Барби е една од најпопуларните кукли во светот со децении, а со неа „чекори“ и нејзиното момче Кен. Овој март, Кен ќе го прослави својот 65-ти роденден, а за таа пригода конечно е откриено и неговото целосно име.

Името на Кен е всушност Кенет Шон Карсон. Тој е именуван по Кенет Хендлер, синот на основачите на „Mattel“, Рут и Елиот Хендлер, додека нивната ќерка Барбара била инспирација за Барби. Многумина фанови дури и не знаеле за оваа приказна. За разлика од Кен како идеален и атрактивен дечко кој ужива на плажа и сурфање, вистинскиот Кенет бил малку „бубалица“ со кого ретко некој сакал да се дружи.

Кен првпат се појавил на продавниците во март 1961 година, две години по појавата на Барби. Од самиот почеток бил претставен како „дечкото на Барби“, и како настан од којшто Барби чувствувала дека ќе биде посебен.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by People Magazine (@people)

Како секој пар, и Барби и Кен имале свои подеми и падови. Во 2004 година, по 43 години заедно, тие привремено се разделиле. Се шпекулираше дека Барби можеби излегувала со Блејн, австралиски сурфер, но тоа никогаш не беше потврдено. Сепак, во 2011 година, Барби и Кен се смириле на сетот на „Приказна за играчките 3“. Од тогаш, нивната врска е многу цврста, а Кен е подготвен за нови авантури, кои ќе ги започне по повод својот голем роденден, како што „сам пишува“ на Инстаграм.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Barbie (@barbie)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот