Момче со далтонизам за прв пат гледа бои благодарение на подарок од директорот на училиштето (ВИДЕО)

Фотографија: YouTube

Момчето по име Џонатан има екстремен далтонизам и никогаш претходно нема видено голем број од боите кои ние можеме да ги разликуваме.

На час каде што имале предавање за далтонизам, директорот на училиштето, кој исто така е далтонист, на Џонатан му донел специјални очила со кои може да се гледаат бои. Воодушевен и шокиран од глетката која на повеќето од нас ни е секојдневие, тој се расплакал кога видел колку убава може да биде и една обична училница.

Моментот го забележал неговиот постар брат и видеото го објавил на Твитер, со што набргу станало вирално.

Очилата биле подарок додека не успее самиот да си дозволи свој пар, по што мајка му основала фонд на GoFundMe страната за да соберат средства.

Набргу тие ги собрале средствата и изјавиле дека откако ќе ги купат очилата за Џонатан, парите што ќе им останат ќе ги донираат во добротворна организација за далтонизам.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот