Момче насилно шутира мирно куче на игралиште во Куманово (ВОЗНЕМИРУВАЧКО ВИДЕО)

Вчеравечер во поштата на еден од нашите инстаграм-профили пристигна порака со вознемирувачко видео од загрижен граѓанин на Куманово.

На видеото кое веднаш стана вирално на социјалните медиуми, се гледа како неколку момчиња се присутни на игралиште кога момчето во фокус се приближува до куче кое претходно мирно си седи на теренот и насилно го шутира. Снимателот на видеото со иронични коментари продолжува да снима исто како ништо погрешно да не се случило.

Според досегашните информации, момчињата се од Куманово и двајцата го објавиле видеото на нивните фејсбук-профили, но набрзо ги избришале. Момчињата се идентификувани од страна на сограѓани, кои згрозени од нивниот чин, веќе ги пријавиле и во МВР, каде пристигнале три електронски пријави за нехуманото дело.

Според Кривичниот законик, на сторителот му се заканува парична или затворска казна:

Мачење животни, Член 233: „Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни
маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува
на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до една година.“

„Слободен печат“ веднаш го објави видеото на еден од нашите инстаграм-профили, а видеото имаше над 24,000 илјади прегледи за помалку од осум часа, но поради присутноста на насилство беше отстрането од самата социјална мрежа.

Видеото инстантно собра многу негативни реакции и над 400 коментари: „Срамота“, „Се прашувате после зошто кучињата се насилни“, „Некултура“, „Се бара правда за ова насилство“, „Време е за казни за насилство над животните“, „Срам ми е што ги познавам“, „МВР реагирајте“ и слично.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот