Претседателката на Молдавија Маја Санду / 18 мај 2022 / Фото: EPA-EFE/OLIVIER HOSLET

Молдавскиот економист и бизнисмен Александру Мунтеану назначен за премиер

Проевропската претседателка на Молдавија, Маја Санду, денеска го назначи економистот и бизнисмен Александру Мунтеану за премиер, по победата на неговата партија на парламентарните избори минатиот месец, објави Радио Молдова.

„По консултациите со парламентарните групи, денес го потпишав указот со кој го номинирав г-динот Александру Мунтеану за кандидат за функцијата премиер на Република Молдавија“, напиша Санду на Фејсбук .

Централнодесничарската Партија за акција и солидарност (ПАС) обезбеди 55 места од вкупно 101 во септември, број доволен за формирање нова самостојна влада и одржување на поранешната советска република на проевропски пат.

Изборите се сметаа за клучни за иднината на земјата со 2,4 милиони жители, која граничи со Украина и Романија.

Се очекува Парламентот да гласа за назначувањето на Мунтеану следната недела.

Александру Мунтеану, 61, нема политичко искуство и ретко се појавува во јавноста. Во 2016 година, тој основал компанија за управување со инвестиции во Белорусија, Молдавија и Украина, каде што живеел неколку години пред да се пресели во Букурешт по големата руска инвазија во 2022 година. Тој има молдавско, романско и американско државјанство.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот