Моќна партија на Ленард против Спарси! (ВИДЕО)

twitter.com/iSports16

Доцна синоќа беа одиграни три натпревари во најсилната лига на светот, Клиперси на домашен терен славеа победа над Сан Антонио со резултат 103:97, најмногу благодарение на одличната партија на Кавај Ленард.

Екипата од Лос Анџелес подобро го отвори мечот, но Спарси пред крајот на првата четвртина имаа предност и истата ја решија со 24:23 во своја корист.

Повеќе неизвесно беше во втората четвртина, а на пауза домаќините заминаа со позитива од 50:48.

Клиперси во третата четвртина доаѓаат до нешто повисока предност, а во последната кога имаа и +13, веќе се најавуваше победникот.

Прв стрелец за ЛА Клиперс беше Ленард кој забележа „дабл-дабл“ учинок од 38 поени и 12 скокови. За Спарси кои го претрпеа првиот пораз сезонава доминираше ДеМар ДеРозан со 29 поени.

НБА, резултати:

Атланта Хокс-Мајами Хит 97:106
Њу Орлеанс Пеликанс-Денвер Нагетс 122:107
Лос Анџелес Клиперс-Сан Антонио Спарс 103:97

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот