Моќно во долна облека: Ќерката на МекГрегор провокативно за брендот „Bluebella“

клара мекгрегор
Фото: Принтскрин / Instagram

Ќерките на познатите се зафатени со превземање на светот на славните – пред сè со освојување на модниот и манекенскиот свет. Но овие девојки навистина изгледаат добро, а тоа последно го потврдува Клара МекГрегор, ќерката на Јуан МекГрегор.

25-годишната актерка и продуцент изработи кампања заедно со британскиот бренд за долна облека „Bluebella“ по сопствена иницијатива, сметајќи дека дизајните на марката се „направени за жените, а не за погледите на мажите“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Bluebella Lingerie (@bluebella)

Клара се согласила за фотосесијата токму бидејќи брендот е предводен од жени.

„Тоа е најубавата долна облека која ја имам видено. Сите нивни слики покажуваат жени кои се во позиција на моќ, никогаш не се покорни, и ако некогаш изведев кампања за долна облека, тоа ќе беше со нив“, изјави Клара.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Erum Ali (@erum6693)

Kлара МекГрегор се појавува во неколку парчиња црвена тантелна долна облека и свилени пижами за кампањата за новата сезона.

„Јас се чувствувам пријатно во своето тело воопшто, но првите неколку фотографии можат да се вознемирувачки возбудливи – но чувството од сите беше кул и јас навистина се чувствував пријатно“, продолжи МекГрегор.

Клара јавно се декларираше како бисексуалка во 2019 година, и една од причините зошто се одлучи да соработува со брендот „Bluebella“ е затоа што ја подржуваат ЛГБТК+ заедницата. Меѓу последните соработки на брендот е и со бурлеска и небинарен артист Џејк Дупре.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Clara McGregor (@claramcgregor)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот