Мокасини кои ќе ги освојат улиците оваа пролет
Не сите трендсетерки сакаат високи потпетици, па затоа овие мокасините се доказ дека удобноста и стилот одат рака под рака.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
Мокасините се тивка модна сила која никогаш не излегува од мода, а оваа пролет ги носиме во полн сјај. Ако барате пар чевли кои ќе изгледаат подеднакво добро со фармерки, деловни панталони или пролетен фустан, овие модели ќе ве воодушеват.
View this post on Instagram
Заборавете на класичната црна боја. Оваа сезона, мокасините се носат во беж, крем, бордо, па дури и во леопардски принт. Токму затоа моделите што ги одбравме се идеални за пролет, тие се лесни, интересни, но и доволно неутрални за лесно да се комбинираат.
View this post on Instagram
Освен што се практични, мокасините се синоним за удобност. Меките материјали како велур и флексибилни ѓонови ви овозможуваат да ги носите цел ден, од утрински обврски до вечерна прошетка низ градот.
И ако ја цените филозофијата на бавна мода, мокасините се долгорочна инвестиција, тие се доволно безвременски за да се носат сезона по сезона. Комбинирајте ги со големо сако, едноставна бела маица и класични панталони за лежерен изглед.
View this post on Instagram


