Мојсов: Многу ни е тешко, но ќе одиграме максимално против Шпанците!

rkeurofarmrabotnik.com/

Својот последен натпревар од групата „Ц“ во ракометната Лига на шампионите Еурофарм Работник ќе го одигра против шпанската екипа на Бидасоа Ирун в сабота од 17.30 часот во спортската сала „Боро Чурлевски“ – Битола.

После поразот во Финска од Кокс, битолскиот клуб се раздели со досегашниот тренер Стевче Алушовски, а во последниот дуел за ЛШ сезонава тимот ќе го води Божидар Мојсов.

– Ние сме во една ситуација која ниту еден клуб не би посакал да биде. Никој не посакува да има промени среде сезона. Ни следи најтешкиот натпревар оваа сезона. Најтежок и за мене и за ракометарите. Ни доаѓа лидерот во групата, Бидасоа Ирун е одлична екипа, системски добро подготвена. Тие долго време играат заедно и сигурно ни следи тежок натпревар.

Би посакал играчите да излезат на терен и да го покажат најдоброто од себе. Имаме голем неспорен квалитет во екипата и се надевам на добар натпревар и максимално ангажирање. Сите ракометари се спремни, со исклучок на Милорад Кукоски, кој е неизвесен. Тренира, но уште не сме одлучиле дали ќе настапи – рече Мојсов.

Уште од претходно Еурофарм Работник веќе ги загуби шансите за пласман во следната фаза, но има шанса барем да го избегне последното шесто во групата „Ц“.

Води Бидасоа Ирун со 15 бодови, по 12 имаат Спортинг и Савехоф, шест има Кокс на четвртата позиција, петтопласиран е Татран Прешов со пет, а последен Еурофарм Работник со четири. Во другите две средби в сабота ќе играат уште Спортинг-Савехоф и Татран Прешов-Кокс.

Гоце Ојлески, капитен на Еурофарм Работник:

– По еден турболентен период за нас, ни следи последниот натпревар од Лигата на шампионите сезонава. Бидасоа Ирун по мое мислење покажа најмногу и затоа е лидер во групата. Ним им ја даваме фаворитската улога в сабота. Ние веруваме дека ќе се издигнеме и со наш максимум можеме да ги победиме.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот