„Моја земја, мој дом“ кампања на Кисела Вода за откуп на земјиштето

Кампања „моја земја, мој дом“

Општина Кисела  Вода денеска ја промовираше кампањата „Моја земја, мој дом“, која како што рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, на дел  од жителите на општината ќе им овозможи целосна сопственост на имотот.

– Имено, ако граѓаните претходно имале нелегални градби и го искористија правото на легализација, сега објектот е и правно нивен и со него можат да располагаат како што сакаат. Овие граѓани ги мотивираме да го откупат земјиштето под легализираниот објект по цена од едно евро за квадратен метар. Притоа не е важно дали објектот се наоѓа во дел од општината каде има или нема донесен Детален урбанистички план. Важно е само земјиштето под него да е во државна сопственост, објаснува Ѓорѓиевски.

Ако се работи за семејно домување, сопствениците на сега веќе легалниот објект, можат да го откупат и дворот. За откуп на дворот потребно е да има урбанистичко планска документација. Доколку се работи за површина до 500 метри квадратни цената ќе остане едно евро за метар квадратен.

– Кампањата ја насловивме „Моја земја, мој дом“ и сакам да  упатам јавен повик до сите наши жители кои успешно го завршиле процесот на легализација, дека никогаш не било поедноставно да го докомплетираат својот имот.  Објектот е веќе нивен а за  да го поседуваат и земјиштето ќе имаат целосна поддршка од службите на општина Кисела Вода, вели Ѓорѓиевски.

Тој ги повикува граѓаните за повеќе информации да ја посетат интернет страната на општината или личнода се информираат во Архивата на Општината секој ден до 20 часот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот