МОЕ ЛЕТО | Лукаревска: Сум била на одмор со Ванчо Петрушевски, Иван Карадак, Мето Јовановски
Пратеничката Сања Лукаревска од редовите на СДСМ, поранешна директорка на УЈП и ќерка на доајенот на македонското глумиште Ѓокица Лукаревски, во емисијата „Мое лето“ на „Слободен печат“ ни откри дел од приватниот живот низ призмата на летото.
Препорачано
Како едно посебно патување го издвои патувањето на турскиот остров Авшар кога била дете, при тоа сподели со нас дека тие биле првите Македонци кои стапнале на тоа место. На ова патување таа и нејзиното семејство биле заедно со семејството Карадак.
– Татко ми и Иван Карадак преку туристичка агенција договориле да одиме на еден остров Авшар, кој е во Турција. И кога веќе стигнавме таму, требаше да одиме од копно со брод до островот. Ние бевме првите Македонци кои стапнале на тој остров, тогаш тоа беше нова туристичка атракција. Јас и ќерката на Карадак, Марта, бевме најмали меѓу сите туристи. Интересни ни беа младите, а малку поголеми од нас, кои ги гледавме како се дружат, се шетаа во вечерните часови, играа билјард … И се договоривме дека малку ќе излажеме за годините. Ни успеа накратко, брзо нè фатија – рече Лукаревска.
Таа открива и за одморот кога морала да замине на патување со гипс, за тоа каква тинејџерка била и колку можности, но и рестрикции ѝ понудила за патување политиката.
Гледајте вечерва „Мое лето“ со почеток во 19 часот на јутјуб-каналот на „Слободен печат“.
Автор и водител на емисијата е Александра Вуксановиќ.
МОЕ ЛЕТО | Лукаревска: Ѓокица Лукаревски ме научи да пливам, со многу карање и викање


