Моџтаба Хамнеи фото: Профимедиа

Моџтаба Хамнеи најави одмазда: „Злосторниците мора да платат за убиството на Лариџани“

Новиот врховен лидер на Иран, ајатолахот Моџтаба Хамнеи, денес објави дека со големо жалење ја примил веста за смртта на шефот на иранската безбедност Али Лариџани и дека злосторниците ќе платат за неговата смрт.

Во изјавата објавена од стран на иранска новинска агенција Тасним, Хамнеи рече дека Лариџани бил „интелигентна, посветена и истакната личност во политичкиот естаблишмент на Иран.

„Атентатот врз таква личност несомнено го покажува обемот на неговата важност и омразата на непријателите на исламот кон него. Антиисламистите треба да знаат дека пролевањето на оваа крв во подножјето на високото дрвото на исламскиот систем само го прави посилен и, секако, секоја крв има цена што злосторниците наскоро мора да ја платат“, рече Хамнеи, според Ал Џезира.

Ајатолахот Моџтаба Хамнеи ја даде оваа изјава речиси 24 часа откако неговата влада потврди дека Лариџани е убиен во вчерашен американско-израелски напад.

Цената на нафтата од типот Брент повторно достигна 100 долари за барел

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот