Модриќ не ја дава „десетката“, кој број ќе носи Азар?
Белгискиот репрезентативец Азар во четвртокот беше промовиран како нов играч на „кралскиот“ клуб, а Челзи од овој трансфер доби 100 милиони евра.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
На промоцијата на „Бернабеу“ изјави дека не е загрижен што не ја добил „десетката“ од најдобриот фудбалер на светот, Модриќ. Само еден број е слободен за Азар, тоа е бројот 16.
– Зборував со Модриќ преку Ковачиќ (поранешен соиграч во Челзи, позајмен токму од Реал). Се пошегувавме и го прашав да ми ја даде „десетката“, но ме одби. Морам да најдам друг број – рече Азар.
‘Modric said find another number!’ – Hazard won’t fight for No. 10 shirt at Real Madrid https://t.co/o1B6Jqz5a5 pic.twitter.com/xDO7If2MST
— Zamani ? (@adejumoamos3) June 14, 2019
Се претпоставува дека Азар ќе ја има „седумката“ на грбот, број кој што моментно го има Мариано Диаз.
Исто така нема ништо против капитенот на Реал, Серхио Рамос и натаму да биде како прва опција за изведувач на пеналите.
– Постои само една ѕвезда, а тоа е тимот. Нов сум, ќе се обидам што побрзо да се адаптирам, а Рамос добро изведува пенали. Мислам дека нема ниту да прашам за шутирање на пенал – додаде Белгиецот.


