МНР повторно под вода / Фото: Слободен печат.

ВИДЕО+ФОТО: Дипломатскиот „храм“ плива во вода

Кога пред неколку месеци имаше поплава во МНР од таму добивме одговор дека „ова не е првпат во зградата на Министерството за надворешни работи да се појави поплава“. Тогаш не беше прв пат, ама ни последен.

При секој дожд во Министерството протекува, па вработените се снаоѓаат со кофи, најлони, а некои и не одат на работа. Протечена вода од покривот до подрумот, кофи распоредени по ходници, пред лифтови, влажни ѕидови… е сликата што се повторува по секој дожд. По вчерашниот, водата ја прекинала и струјата во дел од зградата.

Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат.
Фото: Слободен печат.

 

Според вработените, причина за ваквата состојба е настрешницата што се поставува на покривот, односно на терасата на зградата, а според МНР, барем според претходниот одговор, бидејќи сега не добивме објаснување, вината е во досегашното неодговорно одржување на објектот, а не во градењето на настрешницата.

Фото: Слободен печат

„Вакви случаи се регистрирани и во изминатите години, а причината лежи во долгогодишното, неодговорно и несоодветно одржување и менаџирање на објектот. Градежните активности што се изведуваат во моментов на покривот се насочени кон решавање на овој проблем и трајно спречување вакви појави во иднина“, изјавија тогаш од МНР за „Слободен печат“.

За жал, спречувањето на ваквите појави е далеку од трајно.

ФОТО | Поплава во МНР: Ни се „удави“ надворешната политика

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот