МНР објави телефонски линии за македонските државјани во Турција по катастрофалниот земјотрес

Министерството за надворешни работи објави 24-часовни телефонски линии на располагање за македонските државјани во Турција по силниот земјотрес што утрово ги погоди Турција и Сирија.
Информираат дека стапиле во контакт со Амбасадата на Северна Македонија во Анкара и Генералниот Конзулат во Истанбул, кои се во постојана комуникација со надлежните институции на Турција.
Нашите ДКП-а во Турција се на 24-часовно располагање за сите евентуални прашања, на телефонските броеви: +905394569710 во Анкара, +905456149777 во Истанбул, и + СОС телефонот на МНР во Скопје 38975273732, се вели во соопштението од МНР.
ВИДЕО | Над 300 мртви во ужасниот земјотрес во Турција и Сирија
Ердоган по ужасниот земјотрес: Заедно ќе ја надминеме оваа катастрофа
ВИДЕО | Во Газиантеп се урна тврдина стара над 2 илјади години како последица на земјотресот