МНР објави повик за проектот МКАРТА

Фото: МНР

Министерството за надворешни работи објави повик за дијаспората, која има интерес да биде дел од проектот МКАРТА.

Министерството за надворешни работи на Република Северна Македонија ги повикува сите заинтересирани поединци, припадници на дијаспората, кои имаат интерес да бидат дел од проектот МКАРТА, да достават кратка биографија и мотивациско писмо на електронската пошта [email protected] со наслов МКАРТА, најдоцна до 1 јуни 2023 година, се вели во соопштението од МНР.

Додаваат дека сите пристигнати апликации по крајниот датум, ќе бидат земени предвид при следната селекција.

Проектот МКАРТА е мрежа која би била вклучена во општествените текови во државата и претставен е во мај 2021 година.

Со овој повик Министерството за надворешни работи планира да ја прошири листата на истакнати личности од дијаспората, кои имаат дадено „посебен придонес за подобрување на односите на Република Северна Македонија со дијаспората или државата во која престојуваат, за подобрување на меѓународниот углед на Република Северна Македонија или се меѓународно познати и признати професионалци во својата струка”, додаваат од Министерството

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот