Младите Јапонци ќе добијат бесплатни нудли за да гласаат на изборите

јапонија
EPA-EFE/FRANCK ROBICHON

Еден од најголемите ланци за рамен нудли во Јапонија, компанијата Ипудо загрижени поради малата заинтересираност на младите за престојните избори за горниот дом во парламентот, решија да делат бесплатни нудли за младото население, во обид да ги натераат да покажат поголема волја за политичките прашања, пишува Гардијан.

Младите во Јапонија покажуваат многу мала заинтересираност за да излезат и гласаат на изборите кои треба да се одржат во недела.

Идупо, која има над 50 ресторани низ целата земја, нуди бесконечни количини на бесплатни нудли, а од младите бара само да потврдат дека ќе гласаат во недела.

Младите Јапонци често се бунат дека политиките на јапонските политичари се фокусираат на постарото население. Тие велат дека се чуствуваат заборавени во општеството од страна на политичарите. Самиот факт што повеќето пратеници и министри во Јапонија се луѓе во своите постари години, ги демотивира младите Јапонци да излезат на гласање.

„Политичарите гледаат на постарите луѓе, чиј одѕив е голем, како на важни клиенти од кои можат да освојат гласови“, рече Хироши Јошида, професор по економија на Универзитетот Тохоку. „Од друга страна, младите се како повремени клиенти, па се помалку важни, така што политиките што ги фаворизираат постарите неизбежно добиваат приоритет“.

Од компанијата Ипудо за јапонскиот весник Маиничи Шимбун изјавија дека нивната понуда ќе „оствари можност за луѓето да го дадат својот глас, иако гласањето не е нивна навика“.

Младите се незаинтересирани за гласање

Излезноста меѓу младите на изборите во Јапонија и во минатото било доста ниско. На претходните избори за долниот дом кои се одржаа во октомври, само 36% од оние во нивните 20-ти години излегле да гласаат, што ги направи најмалку заинтересирана старосна група за гласање, покажуваат податоците од јапонските министерства.

Оние меѓу 18 и 19 години на изборите покажале малку подобри бројки. 43,2% од младите на таа возраст го дале својот глас на изборите.

Бројот на млади во нивните 20-ти години кои излегле да гласаат на различни избори во последниве три децении изнесува нешто под 50%.

Со актуелната изборна кампања во која доминира кризата со трошоците за живот, неангажираните млади гласачи си нанесуваат штета на сопствената финансиска иднина, вели една нова студија објавена во јапонскиот весник.

Тие губат околу 78 илјади јени (575 долари) годишно за секој пад од 1% на излезноста на младите гласачи, вели Јошида, професор по економија на Универзитетот Тохоку.

Анализирајќи ги 40-годишните изборни податоци, Јошида заклучи дека владата е поверојатно да ги зголеми даноците и да издава обврзници, зголемувајќи го идниот должнички товар на помладите луѓе, секој пат кога одѕивот кај последната група паѓа за 1%. Дополнително, пензиите се зголемуваат за повеќе од бенефициите за помладите луѓе, како што е додатокот за грижа за децата, под истите околности, рече тој.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот