Младите иноватори го учеа Пендаровски за филтри за oџаци

Претседателот на државата, Стево Пендаровски во МладиХаб – Канцеларија на претседателот се сретна со ученици-иноватори од средното училиште „Јосип Броз–Тито” во Скопје, кои креираа филтер за оџак за домаќинства, што не дозволува штетните ПМ10 честички да завршат во воздухот.

Од Кабинетот на претседателот соопштија дека станува збор за помала верзија на филтрите што се вградуваат во фабриките, што би имала примена во домаќинствата кои користат цврсти горива и ослободуваат чад. Проценката на младите иноватори е дека со неговата примена ќе се спречи ослободувањето штетни честички во воздухот и значително би се подобрил неговиот квалитет.

Претставувајќи ја својата иновација, учениците го информираа претседателот Пендаровски дека во соработка со приватна компанија работат на подобрување на нивниот прототип и се разгледуваат можностите за негово производство и поширока примена.

Претседателот Пендаровски честитајќи им на учениците за досегашната работа ја истакна потребата за поддршка на младите иноватори воопшто, како еден од носечките елементи во економскиот развој на државата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот