Младиот иноватор Албин Алиу од Кичево е добитник на стипендија во престижниот Вандербилтов универзитет во САД

Младиот Албин Алиу од Кичево, кој ја демонстрираше својата иновација за зачувување на животната средина пред претседателот на државата Стево Пендаровски, е добитник на стипендија за студирање на престижниот Универзитетот Вандербилт во САД.

– Нашите млади таленти, одново и одново, ми докажуваат дека креативноста не знае за граници, како што беше потврдено од 18-годишниот Албин Алиу од Кичево кој со својот проект успеа да произведе хартија од алгите на Охридското Езеро, рече претседателот на државата Стево Пендаровски, по средбата со Албин кон крајот на минатата година во Кичево.

Тогаш Алби го презентираше пред Пендаровски хемискиот процес, кој придонесува за заштита на животната средина. Затоа што, како што вели Алби, наместо дрвјата, кои веќе се намалуваат секој ден, хартијата може да има корист и на овој начин.

Оваа иновација е веќе позната низ целиот свет, бидејќи Алби го претстави овој проект минатата година во Њујорк, каде му беше доделена третата награда.

По големиот успех во тоа време, како и полагањето меѓународни испити со многу високи резултати, како што се САТ, ТОЕФИЛ и други, Албин Алиу освои стипендија за студирање на инженерска хемија на Универзитетот во Вандербилт во САД.

Овој е еден од најпрестижните универзитети во САД, како и универзитетот со најголема банка за ДНК во светот.

На патот за подготовка за аплицирање на американските универзитети, тој беше поддржан од „Едукејшенуса” и „Американ корнер” во Република Северна Македонија. Ова достигнување на неколку студенти од државата, меѓу кои е и Албин Алиу, кое го објави и Американската амбасада во Скопје, вели со гордост за неговиот син, таткото Лулзим Алиу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот