Фото: Wikipedia

Млад тетовец ограбил неколку џамии

Полицајци вчера уапсиле 16-годишен тетовец под сомнение дека во изминатите две недели ограбил неколку џамии. Последен пат, при кражба на верскиот објект на улицата „176“, тој ја разбил металната каса за донации и од неа одзел пари.

„Вчера во 18:00 часот во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово лишија од слобода 16-годишен малолетник од Тетово поради постоење на основано сомнение за сторени кривични дело по член 236 од Кривичниот законик – ‘тешка кражба’. Имено, тој се сомничи дека во изминатите две недели извршил кражби во неколку џамии, а последен пат во џамија на улица „176“ во Тетово, каде што со употреба на сила ја разбил металната каса за донации и од неа одзел пари. Тој е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на случајот ќе следува соодветна пријава“, соопштија од МВР.

Ортаци во фирма од Скопје затаиле 120.000 евра од државата, тврди Финансиската полиција

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот