Млад стратег е наследникот на Зарков на клупата на Еурофарм Пелистер 2

Фото: РК Еурофарм Пелистер

Михаил Петровски e наследникот на Александар Зарков на клупата на Еурофарм Пелситер 2, објави денес битолскиот клуб.

Петровски во минатото беше долгогодишен ракометар на „пелистерци“, а во последните неколку години е тренер во школата на клубот. Минатата сезона оствари успех со кадетската екипа, која го освои третото место на завршниот турнир во Скопје.

Денес 39-годишниот стратег долги години го носеше дресот на битолската гордост, играше на позицијата десен бек, а еден период беше и капитен на екипата. Покрај за матичниот клуб, Петровски настапуваше и за Констанца, Валанс, Архус, Рингстед, Балатонфуреди, Дабас…

На крајот од месец јули Петровски ќе ги започне подготовките за новата сезона. Тогаш и официјално ќе биде претставен пред медиумите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот