Мизо: Тешко се наоѓаат работници за Костал, луѓето се статични и сите сакаат да работат во Скопје

Виктор Мизо/ Фото: Слободен печат

Менаџерот на Костал, Виктор Мизо во денешното гостување во Утрински брифинг ги анализира економските трендови во државава.

-Видовме дека во првиот квартал од годинава имавме намален БДП во споредба со првиот квартал од мината година кога веќе почнаа да се чувствуваат резултатите на намалување на обемот на работа, што значи и минатиот квартал, не беше многу здрав. Во вториот квартал имавме големо зголемување, но сепак тоа зголемување беше помало од падот минатата година што не е баш случај со падот во многу други земји во поширокото наше опкружувањето и нормално доаѓаме од едно многу ниско ниво минатата година и планот за раст според владата е 4,1 процент, но мислам некои од меѓународните институции имаат прогнози околу 4 проценти, вели Мизо.

Костал е германска фабрика лоцирана во охридско која стартуваше со 220 вработени, а сега има речиси 1000 вработени и ги сервисира сите германски автомобилски брендови.

-Ние во Костал постојано гледаме можност да инвестираме. Цената на работна сила секогаш е проблем за конкурентност. Секако дека ќе инвестираме. Идната недела славиме 5 години, а до сега стигнавме до 1000 вработени. Тешко се наѓаат работници и многу тешко е да ја подобриме мобилноста на вработените. Кај нас луѓето се статични и сите сакаат да доаѓаат во Скопје, вели Мизо.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот