Виктор Мизо / Фото: скриншот

Мизо: Ако некои компании си одат, не значи дека нема да дојдат нови

Тоа што некои компании планираат да ја напуштат државата не значи дека другите компании понатаму нема да се развиваат или нема да пристигнат нови компании, изјави управителот на компанијата „Костал“, Виктор Мизо, во одговор на новинарско прашање за заминувањето на две странски компании од државата.

Тој вели дека се работи за интерни одлуки на тие компании и поради тоа не може да коментира кои се причините за нивното заминување.

„Од тоа што го имам прочитано тие прават некоја консолидација на своето портфолио на европскиот пазар и како што кажав европската индустрија е во стагнација, но ќе имаме победници, но и компании кои некогаш нема да успеат да се снајдат најдобро во она што се случува во автомобилската индустрија. Но, факт е дека ние продолжуваме со инвестирање и одиме понатаму“, рече Мизо.

Тој додаде дека „Костал“ со дополнителни инвестиции од 30 милиони евра идната година планира да го шири портфолиото како на клиентите, така и на производи.

„Некаде до 2027 година ќе успееме и да имаме извоз и обрт поголем од 300 милиони евра и со тоа ќе бидеме позиционирани како една од трите најголеми фабрики-извозници во македонската индустрија, но истовремено тоа значи квалитетни, нови работни места во овие 200 плус вработени. Тука ќе има нормално работници кои ќе работат во производство, но технички лица кои ќе работат како инженери, но и луѓе во административни дејности. Очекуваме овој развој да биде позитивна вест не само за Охридско-струшкиот регион, туку и за целата државата“, нагласи Мизо.

Премиерот Христијан Мицкоси денеска ја посети компанијата „Костал“ и најави дека до крајот на годинава се очекува четири до пет компании да потпишат договори за отворање свои капацитети во земјава, каде што би биле вработени околу илјада луѓе.

„Ќе има компании кои се отвораат, ќе има компании кои се затвораат и домашни и странски и тоа не треба да се сфаќа како нешто што е крај на светот. Ние како Влада се обидуваме и успешни сме во тоа да привлечеме што е можно повеќе компании. Веќе имаме неколку што се во процес на завршување на преговори. Очекувам до крајот на годината, четири или пет такви компании веќе да потпишат договори со Владата, така што очекувам нови над илјада работни места што ќе бидат резултат на овие потпишувања“, рече Мицкоски.

„Аптив“ Лесковац го намалува бројот на вработени, им нуди годишна отпремнина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот