Мизерија, ракометарите понижени од Египет

epa08942201 Mohamed Mamdouh (C) of Egypt in action against Filip Taleski (L) and Martin Popovski of North Macedonia during the match between Egypt and North Macedonia at the 27th Men's Handball World Championship in Cairo, Egypt on 16 January 2021. EPA-EFE/Mohamed Abd El Ghany / POOL

Ракометната репрезентација на Македонија го одигра убедливо најслабиот натпревар во историјата на големите натпреварувања, со постигнати само шест гола за 30 минути и вкупно 19 гола на цел натпревар.

Ракометарите доколку на првиот натпревар против Шведска доживеаја дебакл, вечервабуквално се понижени од Египет губејќи со 38:19, но не е толку резултатот лош колку што е разочарувачка лошата игра во сите 60 минути.

Желбата за надигрување со „фараоните“ исчезна по воведните минути и тоа беше вовед во најлошо полувреме во историјата на македонската репрезентација, беа постигнати само шест гола за 30. минути.

Филип Кузмановски ги постигна првите два гола за Македонија, потоа и Лазаров намали на 5:3 по што следеше серија од 5:0 на ракометарите на Египет со која во 11. минута дојдоа до 10:3.

Брестовац беше приморан да земе тајм-аут кој донесе мини серија од 3:0 со головите на Лазаров и Пешевски, но тоа беше се што направија до крајот на полувремето. За маките да бидат поголеми, Филип Кузмановски во 19. минута доби црвен картон поради удар во главата на противникот. Одбраната воопшто и да не постоеше, па египетските ракометари како сакаа постигнуваа голови.

Во второто полувреме идентична слика, без желба за надигрување, без мотив да се покаже нешто повеќе на Мундијалот и во 40. минута резултатот на семафорот стоеше 40:10. Доколку селекторот на Египет, Роберто Парондо, не ги извади најдобрите ракометари и го намали темпото, разликата сигурно ќе беше поголема. На крајот, ракометарите доживеаја ново разочување губејќи со 38:19.
На ракометарите и селекторот задутре против Чиле им останува да го поправат впечатокот од првите два натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот