Митревски: Мора да ја искористиме оваа шанса против Косово (ВИДЕО)

Поранешниот македонски репрезентативец Игор Митревски се приклучи на големиот број поранешни репрезентативци кои им даваат безрезервна поддршка на избраниците на селекторот Игор Ангеловски на утрешниот дуел против Косово во полуфиналниот бараж натпревар од Лигата на нации.

Поранешниот капитен на Спартак Москва кој има и 71 настап за македонската репрезентација смета дека Македонија е поквалитетна репрезентација од Косово и треба да се искористи шансата и да се победи противникот.
– Играме дома, мислам дека имаме подобар состав, имаме воиграна репрезентација, очекувам добар натпревар и мислам дека мора да ја искористиме оваа шанса против Косово – вели меѓу другото Митревски.

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот