Џенур Исеини - Политиколог - Фото Слободен печат - Методи Здравев
Џенур Исеини - Политиколог - Фото Слободен печат - Методи Здравев

Митови и факти | Џенур Исени: ДУИ нема да постои без Али Ахмети

Политикологот Џенур Исени во најновото издание на Митови и факти дава одлична анализа на актуелните состојби на политичката сцена во Македонија.

Тој смета дека ДУИ не може да опстои без Али Ахмети на чело, но и дека неговото време забрзано заминува. Исени вели дека катастрофална била одлуката на Ахмети да го поддржи Артан Груби, кој наместо да се соочи со обвинувањата за проневера да државни средства и злоупотреба на службена должност избега во странство.

– Тој заврши на „црната листа“ и сега некој го поставува прашањето дали Ахмети го избра анти-американскиот дух во партијата пред Изет Меџити. И зошто е на „црната листа“, ние повеќето во јавноста знаеме. Еве сега излезе и државната ревизија за во Лотарија што направија и со Бехтел/Енка, тие се причините. Имаше многу неправилности, а јас мислам дека баш затоа се најде на „црната листа“ бидејќи од Бехтел/Енка се пожалиле – вели Исени.

Исто така тој е дециден дека коалицијата Вреди може да опстои во иднина само доколку се обедини во единствена партија, иако се мали шансите тоа да се случи.

Целото интервју проследете го на следниот линк:

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот