Митко Јанчев пред одлагање на протестот против Мицковски!

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалник на Кавадарци Митко Јанчев го чека одговорот од Комисијата за заразни болести дали може да организира протести во време на коронавирус. Јанчев за Слободен печат вели дека на протестите за оставка на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски за кој информирал на Фејсбук очекува да дојдат од 1000 до 2000 луѓе.

Митко Јанчев повикува на мирен протест за смена на Мицкоски

-Ни беше посочено дека собир од толкав број на луѓе нема да биде според здравствените протоколи и дека е ризичен во момент кога бројот на заболени од Ковид 19 постојано расте. Од Комисијата ни укажаа дека протестот би можел дополнително да предизвика ново жариште за кое ние би биле директни виновници. Иако законски ваквата ситуација не е решена, сепак од морални причини ќе мораме да ја послушаме Комисијата“, вели Јанчев за Слободен печат.

Јанчев информира дека доколку во меѓувреме стигне допис од Комисијата за заразни болести, дека не треба да се организираат протести, тогаш преку преку прес конференции со дел од општинските комитети од повеќе градови ќе бараме оставка од Мицкоски.

-Не треба повеќе да се залажуваме. Нормално е по толку многу загубени изборни циклуси членството на ВМРО-ДПМНЕ да бара оставката од Мицкоски. Доколку тој и понатаму остане на лидерскта позиција, партијата и понатаму таа ќе тоне во безизлез, вели Јанчев.

ИНТЕРВЈУ Митко Јанчев: На ВМРО-ДПМНЕ ѝ е потребен брз ремонт!

Вчера Јанчев на својот Фејсбук профил го повика членството на протест пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

-Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицкоски, напиша Јанчев на неговиот Фејсбук профил.

За медиумите тој неодамна рече дека ќе се кандидира за претседател на ВМРО-ДПМНЕ.

Митко Јанчев ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се бира претседател на непосредни избори

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот