Митко Јанчев повикува на мирен протест за смена на Мицкоски

Протестот е со една единствена цел, повикување за оставка на Христијан Мицкоски, пишува Јанчев на неговиот Фејсбук профил.

Митко Јанчев ќе се кандидира за лидер на ВМРО-ДПМНЕ кога ќе се бира претседател на непосредни избори

Поранешниот потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Кавадарци, Митко Јанчев, кој е претендент за да го преземе кормилото на партијата, повикува на мирен протест на 2 ноември годинава во 12 часот пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.

Неодамна Јанчев даде интервју за „Слободен печат“ во кое истакна дека е време да се направат промени во раководството и во партијата.

-Треба да се движиме напред, со свежи идеи и широки видици- рече во интервјуто Јанчев.

ИНТЕРВЈУ Митко Јанчев: На ВМРО-ДПМНЕ ѝ е потребен брз ремонт!

Кавадаречкиот градоначалник Јанчев од трибина: Дај Боже сите да бидеме како Заев! (ВИДЕО)

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот