Митиќ: Среќни сме што фортуната овој пат ни се насмевна на нас

rkmetalurg.mk

Младиот пикер на вториот тим на Металург, Андреј Митиќ е еден од ракометарите кои го одбележаа осмото коло од Супер лигата. Металург 2 во крајно неизвесен натпревар дојде до првата победа сезонава откако со 25:24 го совлада тимот на Струга, а токму Митиќ е херојот на тимот од Автокоманда.

Пикерот постигна само еден гол против Струга, но тоа беше победничкиот, во последната секунда од средбата.

– Натпреварот со екипата на Струга имаше големо значење за нас и поради тоа влеговме максимално мотивирани. Во текот на целиот натпревар ние бевме тие што го контролиравме резултатот, во еден момент имавме и предност од шест голови, но се неколку грешки во серија му дозволивме на противникот да се врати во игра. Во последните минути од средбата единствена цел ни беше како да се одбраниме. Во последните секунди од натпереварот знаев дека доколку ја добијам топката морам веднаш да шутирам, за среќа топката дојдедо мене и успеав да погодам со звукот на сирената – вели јунакот на Металург 2, Андреј Митиќ.

Со триумфот над Струга, вториот тим на Металург дојде до првата победа сезонава, која ќе претставува дополнителен мотив во продолжение од сезоната, како за ракометарите така и за младиот Митиќ.

– Во секој спорт потребна е среќата да не насмее. Среќни сме што среќата овој пат ни се насмевна на нас. Прва победа, први три бодови и мотив повеќе за поголема борбеност на целиот тим во следните наптревари. Не застануваме тука, ќе играме максимално борбено и се надеваме на нови успеси – потенцира Митиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот