Митиќ прекомандуван во првиот тим на Металург: Ќе имам можност да тренирам и да учам од големи ракометни имиња 

фото: РК Металург

Тимот од Автокоманда освен што се засилува со квалитетни ракометари од странство, истовремено мисли и на своите ракометари.

Екипата на Металург во желбата да се вклучи во трката за титулите во домашниот шампионат ангажира неколку засилувања од кои најзвучно е тоа на хрватскиот репрезентативец Златко Хорват, но во исто време мисли и на иднината.

Во новата сезона дел од првиот тим ќе бидат тројца млади ракометари кои беа дел од вториот тим на Металург, Андреј Митиќ, Дарио Кофилоски и Теодор Тодески.

фото: РК Металург

За Андреј Митиќ прекомандувањето во првиот тим е круна на одличната година која ја имаше зад себе, минатото лето беше дел од младата репрезентација на Македонија која настапи на СП првенство кое се одржа во Скопје, е потоа и со вториот тим на Металург играше во Супер лигата.

– Сметам дека преминот во првата екипа на Металург е голем исчекор во кариерата кој може да биде и најважен момент за понатамошниот напредок во мојата кариера. Ќе имам можност да тренирам со големи имиња како Златко Хорват но и Момир Рниќ од кого можам многу да научам.

Морам да им се заблагодарам на претседателката на Металург, Зорица Блажевска и на тренерот Зоран Кастратовиќ за укажаната шанса и можам да кажам дека ќе дадам се од себе да ја оправдам довербата. Морам да му се заблагодарам и на досегашниот тренер Игор Котески од кој можев и научив многу работи како за животот така и за ракометот бидејќи тој е еден од најдобрите пикери во Македонија, позиција на која играм и јас – вели Андреј Митиќ.

фото: РК Металург

Младиот пикер е свесен дека го очекува голема конкуренција, но тоа воедно ќе му претставува и предизвик за понатамошен развој во кариерата. Митиќ е свесен дека минутите мора да ги заработи со максимално залагање на тренинзите.

– Со оглед на големата конкуренција не очекувам поголема минутажа, но на мене е со максимално залагање и одработување на задачите од тренерот Кастратовиќ да се изборам да поголема минутажа. Знам дека ќе добијам шанса и морам да ја искристам максимално – смета младиот пикер.

Металург со ангажманот на искусните Хорват, Рниќ, но и Никола Потиќ и Бранко Канкараш, има големи амбиции во новата сезона.

– Очекувањата за новата сезона се влез во групната фаза од Лигата на Европа како и борба за титулите во Супер лигата и во домашниот Куп
– вели Андреј Митиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот