Митиќ: Марковски внесе нова енергија во Металург

фото: РК Металург

Ракометарите на Металург изминатата недела против вториот тим на Е. Пелистер (36:23) беа предводени од клупата од страна на Иван Марковски.
Поранешниот македонски репрезентативец,е третиот тренер кој го предводи тимот во Автокоманда оваа сезона, сезоната ја започна Зоран Кастратовиќ, потоа на клупата седеше Оливер Димитириоски, а сега на клупата е Марковски.
Металург оваа сезона во првиот тим го имплементира и младинскиот репрезентативец Андреј Митиќ, кој имаше свои блесоци, посебно на натпреварите во Лигата на Европа каде постгигна 22 гола и со кои покажа дека е иднината на Металург.

фото: РК Металург

– Секако кога ќе победите со 13 гола разлика дека атмосферата во соблекувалната е највисоко ниво, но не смее да има опуштање. Иако многу кратко време новиот тренер Иван Марковски е со нас, но слободно можам да кажам дека внесе нова енергија помеѓу нас играчите. Тој е одличен мотиватор, има идеи и визија за поинаков и побрз ракомет, баш како што играат европските екипи. Како млад ракометар, искуството и советите од секој тренер се дополнителна можност за мене да напредувам и затоа сум му благодарен на сегашниот, но и на сите претходни тренери кои ми дадоа шанса – вели Митиќ за Слободен печат.

фото: РК Металург

Младиот пикер одигра одлично во Лигата на Европа, постигна 22 гола и тоа во првото негово искуство во европските купови иако тимот во групната фаза заврши како последен со четири бода.
– Оваа сезона за прв пат имав можност да играм во Лигата на Европа и тоа за млад ракометар како мене многу значи. Благодарен сум му на Металург за укажаната доверба и можноста да стекнам искуство играјќи со докажани ракометари.  Сезоната генерално беше тешка за сите клубови, но посебно за нас поради проблемите со короната и со повредите. Најголем дел од натпреварите ги игравме со 11-13 играчи во ростерот и тоа беше исцрпувачки поради набиениот распоред. Сепак, да се игра во Лигата на Европа беше огромно задоволство и искуство за мене како и своевидна мотивација да одиграм најдобро што можам. Задоволен сум  од моите игри иако сметам дека секогаш може и мора подобро – вели младиот ракометар.

Фото: РК Металург

Сезонава конечно по неколкугодишна пауза се зголеми неизвесноста во домашното првенство, во битката за титулата главниот збор го имаат Вардар и Е. Пелистер, додека далеку понеизвесо е во трката за местата кои следната сезона носат во европските купови. Младиот пикер очекува неизвесна завршница на сезоната.
– Со напорна работа, залагање и посветеност верувам дека резултатите ќе си дојдат. Што се однесува до очекувањата за сезоната, мислам дека годинава првенството ќе биде интересно како никогаш досега. Се надевам на добар пласман, ние ќе се бориме максимално за секој бод – смета Андреј Митиќ.

Фото: РК Металург

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот