МИСТЕРИЈА: Зошто млади и здрави луѓе умираат од Ковид-19?

Точно е дека Ковид-19 сериозно ги погодува старите лица, особено оние кои имаат хронични здравствени проблеми како што се срцева слабост, висок крвен притисок, респираторни проблеми или дијабетес. Имунолошкиот систем на старите лица е исто така многу послаб и тежок за борба против болеста. Но, последните случаи кај нас и во светот го покажаа спротивното.

На почетокот од епидемијата на коронавирусот, заклучоците на лекарите и експертите беа дека коронавирусот ги напаѓа постарите лица и дека тие најмногу страдаат од оваа нова болест. Младите беа посочени како главни преносители на вирусот.

Точно е дека Ковид-19 сериозно ги погодува старите лица, особено оние кои имаат хронични здравствени проблеми како што се срцева слабост, висок крвен притисок, респираторни проблеми или дијабетес. Имунолошкиот систем на старите лица е исто така многу послаб и тежок за борба против болеста. Но, последните случаи кај нас и во светот го покажаа спротивното.

Смртта на 40-годишен пациент од Кочани кој немал никакви други заболувања, па дури и не примал никаков антибиотик од 2017 година, ја вознемири македонската јавност. Тој првпат ги добил симптомите на 27.03.2020 година, а на 29.03.2020 година по повик на итната медицинска помош од страна на матичниот лекар биле земени брисеви за тестирање од коронавирус.

Министерството за здравство вчера информираше дека починал уште еден млад пациент од коронавирус. Станува збор за 27-годишна родилка од Куманово, која на 30 март на Клиниката за гинекологија и акушерство во Скопје, роди недоносено машко новороденче, негативно на вирусот. Родилката беше префрлена на Инфективната клиника на 31 март поради влошена клиничка слика и отежната дишење. И покрај напорите на лекарите, брзиот и агресивен развој на болеста, била фатален.

Сторијата на Си-Ен-Ен за смртта на 30-годишниот Бен Лудерер е уште еден пример дека коронавирусот не штеди никого.

 Бен, тренер по кошарка, и неговата сопруга Бренди биле тестирани позитивни на ковид-19. Бренди имала слаби симптоми, малку покачена телесна температура, која докторите не ја сметале за сериозна. Двајцата не се плашеле од вирусот бидејќи биле млади и здрави. Но по неколку дена состојбата на Бен се влошила. Тој почнал тешко да дише и сфатил дека е време да оди во болница. Во болницата бил ставен на респираторна машина и реагирал добро, по што лекарите му дале течности да пие и го испратиле дома. Состојбата му се подобрила, но за кратко. Вечерта се вратиле тешките симптоми. Бен едвај дишел, но не сакал да се врати во болница. Утрината починал.

Бен и Бренди Лудерер

Мистеријата на коронавирусот

Вистината е дека коронавирусот не е болест која ги погодува само постарите лица. Помладите не се ниту осигурани, ниту имунизирани против вирусот.

„Веројатноста да умрат млади луѓе е многу помала, но изгледа дека се појавува необичен образец“, вели д-р Ентони Фауци, американски имунолог.

– Ова е она што го прави коронавирусот „необична болест“. Јас сум фасциниран, со тоа што би го нарекол патогенеза. Затоа што имаме толку многу луѓе кои добро се справуваат со болеста и потоа ги имаме оние на кои одеднаш им треба респиратор и потоа тие умираат. Мислам, има нешто што ни недостасува во однос на патогенезата. И не мислам дека тоа влијае само врз вас, ако сте стари или имате болести. Има нешто друго што на крајот се надеваме дека ќе го дознаеме – вели Фауци.

Што се крие тука?

Научниците и лекарите се обидуваат да откријат дали одговорот лежи во нашите гени. Тие се обидуваат да дознаат се разликуваат оние млади луѓе кои дури немаат ни симптоми, од оние што умираат. Една можност е варијација на генот ACE2 – ензим што се наоѓа на надворешната површина на клетките на белите дробови, како и на срцето.

Во една статија во списанието Science, имунологот д-р Филип Марфи од Националниот институт за алергија и заразни болести пишува дека „варијациите во генот ACE2 што го менуваат рецепторот може да го олеснат или да го отежнат вирусот да навлезе во клетките на белите дробови“.

Друга опција што се разгледува е како имунолошкиот систем реагира на вирусот. Може да се види дека брзата реакција на имунолошкиот систем кај младите луѓе не е толку корисна. Може да предизвика голема воспалителна бура со која белите дробови тешко можат да се справат. Проблемот овде не е во тоа што имунолошкиот систем е слаб или е како на постар човек, туку дека работи премногу добро. Поради ова, постојат наводи дека лекови кои го потиснуваат имунолошкиот систем понекогаш даваат резултат.

А можеби тое е резултат на фактот дека некои помлади и поздрави луѓе, мислејќи дека не се ранливи, поради што и не го почитуваат социјалното дистанцирање и како резултат на тоа биле изложени на многу поголемо опкружување на вируси.

Може да поминат неколку месеци пред да се дефинира основната патологија. Засега, без оглед на вашата возраст советите остануваат исти – останете дома, мијте ги рацете и намалете ја изложеноста на вирусот колку што е можно повеќе. Дури и ако имате благи симптоми, веројатно е најдобро да останете дома за да заздравите.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот