Мистерија околу авионот кој се урна во Балтичкото море- Никој немаше во кокпитот на привантата Цесна

Приватниот авион Цесна што синоќа урна во близина на брегот на Летонија, беше придружуван од авиони на НАТО, соопшти шведската спасувачка служба.

Четири лица летале со авионот Цесна 551, регистрирана во Австрија летал од Херез, јужна Шпанија кон Келн.

Но, наместо кон Келн авионот се упатил кон Балтичко Море. Авионот двапати свртел кај Париз и кај Келн и се упатил преку Балтикот, прелетувајќи го шведскиот остров Готландф и набрзо почнал да губи брзина и висина.

Борбени авиони на НАТО, стационирани во Естонија го следеле авионот. Пилотите и шведски претставници изјавија дека никого не виделе во кокпитот.

Портпаролот на литванското воено воздухопловство изјави дека на барање на Летонија испратен е литвански борбен хеликоптер во спасувачка мисија.

– Спасувачките тимови немаат објаснување, можеме само да шпекулираме за тоа што се случило, но јасно е дека луѓето во авионот биле онеспособени, изјави шведскиот началник за пребарување и спасување Ларс Антонсон.

Тој додаде дека не пронајдени човечки останки.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот