Мисија на ЕУ ќе оди во Ерменија да помогне во демилиризацијата и демаркацијата на границата со Азербејџан

Европската унија ќе испрати „цивилна мисија” во Ерменија долж границата со Азербејџан со цел „да воспостави доверба” меѓу двете земји и да помогне демаркација на границата. Тоа го изјавија учесниците на четиристран состанок по прашањето одржан синоќа во Прага.

„Мисијата ќе почне во октомври и ќе трае најмногу два месеца. Целта на мисијата е да изгради доверба и преку своите извештаи да им помогне на комисиите за демаркација на границата”, се наведува во заедничката изјава објавена по разговорите меѓу ерменскиот премиер Никол Пашинјан, претседателот на Азербејџан Илхам Алиев, францускиот претседател Емануел Макрон и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.

„Азербејџан и Ерменија би можеле да потпишат мировен договор до крајот на годината доколку има добра волја во Ереван”, изјави азербејџанскиот претседател по средбата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот