Мишевски: Ротацијата е проблемот на Вардар, тешко е да се игра 60 минути во ваков ритам

Нексе славеше во Скопје против Вардар 1961 по пенал серијата/Фото: seha-liga.com

Вардар 1961 не успеа по 10 пат во својата историја да биде дел од Фајнал-фор турнирите во СЕХА Газпром лигата, односно веќе втора година по ред нема да учествува во полуфиналните борби.

Скопските „црвено-црни“ на домашен терен загубија на пенали против Нексе од Хрватска кој по вторпат ќе биде дел од Ф4 турнирот во ова регионално натпреварување.

Тренерот на Вардар 1961, Владо Недановски на прес конференцијата по мечот му честиташе на Нексе кој ќе игра на Ф4 турнирот во Задар од 2 до 4 септември 2022 година.

– Нексе е добар тим, и лани игравме двапати против нив, не успеавме да победиме. Нашиот проблем е во ротацијата, посебно што ни е потребна во одбраната. Тажен сум поради натпреварот и не сум среќен што не одиме на Фајнал-фор турнирот. Преголема беше желбата да играме во Задар, но ете загубивме на пенали. Од друга страна среќен сум што покажавме дека имаме карактер, бидејќи доколку не се лажам беше четири голови разлика во првото полувреме. Треба да имаш карактер за да се вратиш во натпреварот. Посебно ми е драго поради младите играчи, особено за Мишевски, за кои не веруваа доволно. Уште еднаш им честитам на моите играчи, го оставија срцето на теренот, покажаа дека со многу работа во иднина дека може да бидат носители во играта на Вардар – рече Недановски.

Ракометарот на Вардар 1961, Марко Мишевски кој денеска го слави 23 роденден, исто така им честиташе на Хрватите за триумфот.

– Пеналите се лотарија. До пеналите имавме шанси да го свртиме натпреварот во наша корист. Не реализиравме неколку зицери во второто полувреме кои мислам дека беа клучни за крајниот резултат. Се боревме до крај, како што кажа и тренерот најголемиот проблем ни е ротацијата, затоа што тешко е да се игра 60 минути во ваков ритам – вели Мишевски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот