Мишел: Санкциите против Москва го покажаа единството на ЕУ

Фото: EPA-EFE/SERGEY DOLZHENKO

Првиот човек на Европскиот Совет, Шарл Мишел денеска изјави дека санкциите на Европската Унија (ЕУ) кон официјална Москва, поради нејзините постапки против опозицискиот лидер Алексеј Навални, покажаа дека ЕУ е целосно обединета во одбраната на своите интереси.

Британските медиуми јавија дека Кремљ претходно се обиде да го минимизира влијанието на санкциите наметнати од САД и ЕУ, но додаде дека ќе возврати со реципрочни мерки.

– Одлучивме да примениме санкции поради случајот Навални. Ова значи дека сме целосно посветени и обединети во Европа да бидеме силни, многу цврсти во целта да ги промовираме нашите вредности, да ги браниме нашите интереси, рече Мишел по средбата со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Киев. 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот