Мис Универзум Мексико - 2025 - Фото: Lillian SUWANRUMPHA / AFP / Profimedia

Мис Универзум шокираше со изјавата: „Не би му советувала никому да учествува на избор за убавина“

Мис Универзум, Фатима Бош, се најде во центарот на нова драма откако нејзините навидум искрени коментари за самото натпреварување предизвикаа мешани реакции од јавноста, а портпаролката на натпреварувањето излезе да го „исправи“ впечатокот.

Додека зборуваше на форумот „Жени кои се трансформираат“ во Ел Салвадор кон крајот на март, 25-годишната Бош беше прашана каков совет би им дала на жените кои можеби размислуваат да влезат во светот на изборите за убавина. Мексиканката која беше крунисана за Мис Универзум на 21 ноември 2025 година имаше интересен одговор на тоа прашање.

– Па, искрено, не би советувала никому да учествува на натпревар за убавина – рекла таа.

Бош дополнително нагласи дека влијанието што круната на Мис Универзум може да го има зависи од личноста што ја носи.

– Ако имате важен проект, нешто на што сакате да му дадете видливост и ја гледате оваа платформа како алатка што служи за таа цел, тогаш слободно. Да бидам искрена, и верувам дека Бог ме стави тука, сигурно не избрав да аплицирам во традиционална смисла – им рекла таа на публиката,

Наместо „едноставно“ да ги охрабрува луѓето да учествуваат на избори за убавина, Бош им советуваше на оние кои сакаат да се вклучат во светот на изборите за убавина прво да се стремат кон проект за кој веруваат дека може да има траен ефект.

– Ми беше навистина тешко откако победив, главно затоа што овие избори не се навикнати на „вистинската“ жена: жена која не одговара на точните мерки што им се потребни или жена која всушност има свој глас – рекла таа потоа, нарекувајќи го искуството од работата како Мис Универзум „застрашувачко“.

Коментирајќи ги своите изјави, портпаролот на Организацијата за Мис Универзум, Мигел Анхел Мартинез, рече „Неодамнешните изјави на Фатима беа предмет на различни толкувања на различни платформи“.

– Таа објасни дека нејзината намера не била да го обесхрабри учеството на изборот за убавина или да ја доведе во прашање неговата вредност, туку да нагласи дека тоа е еден од многуте начини на кои жените можат да го изразат својот глас, цел и амбиција. Повеќе од седум децении, Мис Универзум служи како глобална платформа која ги поддржува и воздигнува жените во различни области – додал тој.

Патот на Бош до круната на Мис Универзум беше обележан со неколку контроверзии, најзначајната од нив беше судирот меѓу Бош и директорот на изборот за Мис Универзум, Нават Итсарагрисил, за време на подготвителниот настан за изборот за Мис Универзум во Тајланд.

По ова следеа шпекулации дека нејзините врски со сопственикот на изборот за убавина всушност ја доведоа до титулата.

ФОТО+ВИДЕО | Фатима Бош e новата Мис Универзум: Убавицата триумфираше и покрај скандалот во Тајланд

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот