ФОТО | Мис Србија Николина Баљак ја разоткри Монголката Јелена: „Се вика Елена и не е од Србија!“
Турбуленцијата предизвикана од објавувањето на информацијата дека на светскиот натпреварот за Мис Универзум, Србија ја претставува Монголка сè уште не стивнува.
Препорачано
На натпреварот за Мис Универзум 2025, кој ќе се одржи на 21 ноември во Тајланд, под знамете на Србија се претстави Јелена Егорова (исто така позната како Елена Егорова) – манекенка по потекло од Јакутија (Република Саха, Русија), која претходно ги носела титулите како Мис Гранд Монголија 2022, пишува „Србија данас“.
View this post on Instagram
Уште тогаш, „експертите за избори за убавина“ и социјалните мрежи почнаа да поставуваат дилема: дали е легитимно некој без српско потекло (и без јавно потврден национален избор) да ја претставува Србија?
View this post on Instagram
Организацијата „Мис Србија“, под чија капа со години се спроведува изборот за српска претставничка, издаде соопштение дека „Србија нема претставничка оваа година“, наведувајќи дека кандидатката што се претставува под името Мис Универзум Србија не е избрана преку националниот избор.
– Љубезно ве потсетуваме дека Србија нема своја претставничка на натпреварот „Мис Универзум“ оваа година. Личноста што го носи српското знаме не е од наша националност, не го зборува српскиот јазик и српски пасош доби во 2024 година – се вели во нивното соопштение.
За дополнителна димензија на целата приказна се јавила Николина Баљак – поранешната победничка на изборот за Мис Европа 2022 – и по е-пошта го испратила следново до редакцијата на „Србија данас“:
– Во прилог доставувам фотографии и материјали што потврдуваат дека Мис Универзум Србија всушност се вика Елена, а не Јелена. Бевме заедно на натпреварот „Мис Модел на светот“ во Кина, а од приложената фотографија јасно се гледа дека таа ја претставува Јакутија, додека јас ја претставувам нашата Србија. Исто така, сакам да нагласам дека јас победив на натпреварот за Мис Европа 2022 и ја донесов титулата на нашата Србија.
View this post on Instagram
Ова писмо сугерира дека постои сериозна разлика помеѓу името, потеклото и начинот на претставување – и од редакцијата на „Србија данас“ додаваат дека Николина доставила доказни материјали (фотографии од натпреварот).
ФОТО | Апсурд без преседан: Србија на Мис Универзум ќе ја претставува Монголка


