Mирсад Јонуз си поднесе оставка од клупата на Скопје

фото: EPA/GEORGI LICOVSKI

Вардар вчера го победи Скопје во баражот за место во Првата лига со убедливи 3:0, а по овој пораз на клубот од Автокоманда оставка си поднесе тренерот Мирсад Јонуз.

Скопје беше инфериорен во дуелот со вардарци и скоро да не создаде посериозна прилика пред голот на Гачевски, па затоа Вардар заслужено се врати во друштвото нма најдобрите.

Очигледно поранешниот македонски селектор не е задоволен од потенцијалниот на тимот на Скопје, па поради тоа се одлучи на заминување.

На клупата на Скопје, Јонуз дојде на 11 кола пред крајот на местото на Славчо Георгиевски и тимот под негово водство започна да игра нешто подобро, меѓутоа тоа не беше доволно за враќање во елитата.

Вардар се враќа во Првата лига, „црвено-црните“ во баражот убедливо го совладаа Скопје

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот