Мирчески: Досега се откупени 24.800 тони тутун по просечна цена од 164 денари за килограм, да се откупи и вишокот

Фото: mia.mk

Да не се продолжува рокот за откуп на тутунот за цел месец, зашто ќе се направи проблем за новата реколта, бара Иницијативниот одбор на тутунарите кој сега формираше тутунски здруженија по региони и дејствува во рамките на поранешниот Сојуз на тутунски здруженија.

Според Игор Мирчески, координатор на новите тутунски здруженија, остануваат уште два дена од регуларниот откуп и досега се купени 24.800 тони по просечна цена од 164 денари.

– Остануваат уште два дена до крајот на оваа откупна сезона. До вчерашниот ден се откупени 24.800 тони на тутун по просечна цена од 164 денари за килограм. Остануваат помалку од 2.000 тони, кој се нарекува вишок тутун, за кој ние тврдиме дека не е вишок, туку откупувачите ги намалија договорите и така настана вишокот. За овие неполни 2.000 тони или поточно 1.800 тони, државата подготвува пролонгирање на откупниот рок за уште еден месец. Во моментот, во собраниска процедура се измените на законот за тутун и продолжување на законскиот рок на откупот. А, уште два дена се. Во случај навреме да не се реши тоа, да се изгласа, во понеделник ќе имаме ситуација на завршен откупен рок, но неоткупен вишок тутун. Апелираме до Владата, до Министерството за земјоделство, до инспекторатот и сите институции, да најдат начин и форма во најкус можен рок да ги откупат преостанатите килограми. Продолжувањето на рокот значи дека само ќе се развлече ситуацијата, ќе се развлече и давањето на субвенциите, ќе се создаде манипулација со новата реколта и договорите, изјави Мирчески.

Ситуацијата на терен е тешка.

– Сите фирми купуваат само горни берби, а долните берби тутунарите си ги враќаат дома. Не е поделена амбалажа и луѓето нема во што да го спакуваат тутунот. Дворовите и амбарите се полни со тутун и луѓето не може да го предадат тутунот. Лоша се ситуацијата во Долнени, секоја куќа има барем по 100 пакети непредаден тутун. Се повлекуваат пунктовите од сите фирми. Да не дојдат тутунарите во ситуација да склучуваат договори за нова реколта, а да не ја предале реколтата од лани. Ваква каква што е ситуацијата на теренот може да останат 1.000 тони неоткупен тутун во долните класи. Никој нема да го сака тој тутун, а тутунарите го сработиле и го произвеле, додаде Мирчески.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот