Миовски со нов гол против Ујпешт пред репрезентативните обврски

Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски уште еднаш блесна во дресот на МТК/Фото: facebook.com/bojan.miovski

Денеска во четвртото коло од најсилното унгарско првенство составот на МТК со 1:2 триумфираше на гостувањето кај Ујпешт.

Мируваа мрежите во првото полувреме, а од 66 минута интернационалецот од Брегот на Слоновата коска, Тало донесе водство за домаќинот.

Македонскиот интернационалец Бојан Миовски кој го одигра целиот меч беше еден од најзаслужните за пресвртот на гостите.

Најпрвин стрелаше за израмнување во 72 минута, што е негов втор гол од третиот настап сезонава во првенството. А во самиот финиш од средбата ја додаде топката до Ванча кој го пронајде патот до противничката мрежа.

На табелата води Кишварда со девет бодови, два повеќе од второпласираниот МТК и Мезоковешд.

Овие нови одлични перформанси на Миовски доаѓаат во прав момент со оглед на тоа што новиот селектор на А селекцијата Благоја Милевски го повика токму 22-годишниот напаѓач од Штип да биде дел од составот за новите натпревари од мундијалските квалификации во септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот