Фото: Screenshot/instagram.com/rangersfc

Миовски двоен стрелец во пресвртот на Ренџерс против Фалкирк

Денеска во 33 коло од најсилното првенство на Шкотска, фудбалерите на Ренџерс на гости со 6:3 триумфираа над тимот на Фалкирк.

Иако по првото полувреме Ренџерс имаше негатива од 2:1, во вториот дел направи целосен пресврт во кој значаен придонес имаше и македонскиот репрезентативец Бојан Миовски.

Миовски, кој настапи од почетокот на второто полувреме, во 58 минута по асистенцијата на Раскин погоди за предност од 4:2.

А во самиот финиш од средбата, поточно во 88 минута Миовски го постави конечниот епилог по асистенцијата на Антман.

Ренџерс пред завршната фаза оваа сезона во првенството, се наоѓа на второто место со 69 бодови, еден помалку од водечкиот Хартс.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот