Министерството за земјоделие смета дека треба да се замрзнат цените на овошјето и зеленчукот

Овошје и зеленчук / ,,Слободен печат'' - Драган Митрески

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) подготви и до министерството за економија достави анализа на цените за земјоделските произовиди на овошје и зеленчук.

„Би сакале да нагласиме дека министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги следи трошоците кои земјоделците ги имаат за приозводството и согласно тоа се креираат мерките на министерството за поддршка на домашното производство“, велат од министерството.

Притоа следиме два парaметри преку кои ги креираме мерките, а тоа е системот за следење на приозводствената цена на фарма, односно колку се реалните трошоци за производство на земјоделците и пазарниот информативен систем каде се следат цените на големо и мало за земјоделските производи.

Истите се формирани од производствените трошоци кои ги имаат земјоделците и од маржата на трговците со земјоделски производи. Оттука, согласно анализите, сакаме да напоменеме дека цената на пазарот е значително повисока од цената која што ја добива самиот производител и кај продажната цена голема улога има маржата поставена од откупувачите и трговците.

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство дава поддршка за замрзнувањето на цените кај овошјето и зеленчукот, бидејќи таквото замрзнување во овој период нема да влијае во намалувањето на откупните цени за земјоделците.

Сепак врз основа на сите параметри крајната одлука по ова прашање ја има министерството за економија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот