Министерството за здравство во Словенија платило оштета од 20 илајди евра поради вакцина против Ковид 19

Вакцини против Ковид-19 / Фото: EPA

Словенечкото Министерство за здравство исплатило паричен надоместок поради оштетување на здравјето по вакцинацијата против Ковид-19 во износ од 20.000 евра.

Во Словенија се регистрирани два смртни случаи по вакцинација против коронавирусот. Во еден случај се работи за млад пациент кој бил примен во љубљанскиот клинички центар на крајот на септември 2021 година, но истиот ден починал.

Пред тоа, во мај 2021 година, по вакцинацијата, во Белгија од мозочен удар почина жена, а неофицијално се претпоставуваше дека е сопруга на словенечки дипломат.

Според податоците од 9 декември, Министерството за здравство на Словенија примило 81 барање во 2022 година, а годинава 103 за признавање на правото на надоместок за штета на здравјето или смрт поврзана со вакцинација против коронавирусот.

За да одлучува за секое барање, Министерството за здравство назначува Комисија за утврдување на причинско-последичната врска помеѓу вакцинацијата и оштетувањето на здравјето, односно смртта.

Тоа тело досега има изготвено 58 вештачења, останатите мислења се во завршна фаза на подготовка, за пет случаи беше потребно да се поканат дополнителни експерти.

Доколку Комитетот утврди дека постои причинско-последична врска помеѓу вакцинацијата и нарушувањето на здравјето, односно смртта, словенечкото Министерство, во согласност со законот, бара мислење од Комисијата за инвалидност на Институтот за пензиско и инвалидско осигурување на Словенија за тоа дали настанатото здравствено оштетување се смета за сериозно и трајно намалување на животните функции.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот