Министерство за здравство: Ги пренасочуваме пациентите од КАРИЛ
Министерството за здравство уверува дека реновирањето на КАРИЛ и тоа што министерот за здравство Арбен Таравари нареди пациенти за интензивна нега да не се испраќаат таму, нема да влијае негативно на организациските процеси.
Препорачано
Реновирањето на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување (КАРИЛ) е важен проект кој има за цел да го зголеми капацитетот и квалитетот на услугите кои се нудат на пациентите.
Министерството за здравство активно работи на пренасочување на пациентите кои имаат потреба од интензивна нега во други високо специјализирани здравствени установи, како што се ГОБ ,,8 Септември“, Хируршката клиника ,,Св. Наум Охридски“ и Клиниката за неврохирургија. Овие мерки ќе осигураат дека пациентите ќе добијат најдобра можна грижа без никакво намалување на квалитетот на услугите, велат оттаму.
Проектот на реновирање на КАРИЛ според Министерството, е целосно во согласност со планот за модернизација на здравствените капацитети, кој има за цел да ја зголеми ефикасноста на здравствениот систем во долг рок.
Министерството за здравство ги има предвид сите потреби на пациентите и продолжува да се грижи за нивната здравствена безбедност во текот на овој процес, се додава во реакцијата на Министерството за здравство.


