Министерство за правда: Определен е 40 дена екстрадициски притвор за Љупчо Палевски
Од Министерството за правда преку писмено соопштение информираа дека за Љупчо Палевски е определен екстрадициски притвор во траење од 40 дена.
Препорачано
-
1
-
2
-
3
„Амбасадата на Република Северна Македонија во Анкара испрати допис до Министерството за правда во кој информира дека ни доставува добиена Нота од МНР на Република Турција, како одговор на Нотата доставена од Амбасадата на РСМ во Анкара од 06.12.2023 година, со која информираат дека врз основа на дописот добиен од Канцеларијата на главниот јавен обвинител Баликесир, определен е екстрадициски притвор за Љупчо Палевски, во траење од 40 дена“, соопштија од Министерството за правда.
Инаку Министерот за правда Кренар Лога во саботата истакна дека се надева дека Љупчо Палевски, првоосомничен за убиствата на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, релативно брзо да биде екстрадиран од Турција во земјава, но како што пососи рече, рано е да се зборува бидејќи уште не се искористени сите правни лекови.
Лога се надева дека Палевски релативно брзо ќе биде екстрадиран од Турција


